Лидерот на ДУИ од Сарај

Ахмети: Нека покажат еден аргумент дека ДУИ ја има злоупотребено власта

На собранието на ДУИ што се одржа во Сарај се обрати и лидерот Али Ахмети кој зборуваше за, како што рече, пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.

„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат. Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија“, рече Ахмети.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе