Ахмети: Не сметам дека ќе има поместување на датумот за изборите, нема менување и на изборниот модел

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска изјави дека не смета оти ќе има поместување на веќе договорениот датум за предвремени парламентарни избори 12 април.

„Овој датум е консензуално донесен од страна на сите политички партии. Сите веќе ги имаме почнато подготовките за одржување на избори на 12 април“, изјави Ахмети.

ДУИ и Ахмети остануваат на ставот дека изборниот модел не треба да се менува на само неколку месеци пред изборите и оти за ова прашање треба да се постигне поширок политички консензус.

„Времето не дозволува да влеземе во вакви измени на Изборниот законик, бидејќи имаме многу големи разлики како политички партии што ќе ја комплицира ситуацијата, а тоа не би било во полза ниту за партиите, ниту за државата“, вели лидерот на ДУИ.

Тој не кажа кога би можеле измените на Изборниот законик на кои работат работните групи да бидат доставени во Собранието.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе