Ахмети: Крушевскиот манифест е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, се наведува во партиското соопштение.

„Востанието од 2 август и Крушевската Република, кое денес го одбележуваме, треба да се изучува многу повеќе од историчарите и да се разјасни неговиот целосен карактер, во неговото писмо и дух.

Рамномерното споделување на востаничките и управувачки одговорности пред 117 години треба да послужи како модел за отстранување на хегемонистичките обременувања и примеси, кои што се повеќе заоѓаат, во врска со заедничките напори за слобода и подобар живот во заедничката земја.

Крушевскиот манифест од 1903 година е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година.

Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес, и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја.", напиша Ахмети на Фејсбук.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе