„На противниците им се тресат нозете“

Ахмети: Кој веруваше дека командант на ОНА ќе крева знаме на НАТО, зошто да не може и Албанец премиер

Секое ново поглавје сака нова енергија, веќе успешно е затворено едно поглавје за Албанците, но и за државата, порача синоќа претседателот на ДУИ, Али Ахмети на собирот во Струга.

„Несакајќи да елаборирам за остварувањата, бидејќи сите ги допираат и ги гледат, но и понатаму имаме уште многу работи за остварување, нашата енергија треба да ја потрошиме за подобри денови од овие што ги оставаме зад нас. Народот вели дека лошото нема крај, но и добрите работи немаат крај. Се потрудивме да направиме добри работи, неразочарувајќи ги нашите гласачи и воопшто Албанците, претставувајќи ги достоинствено како националната така и во меѓународната сфера и за ова ви се заблагодарувам за поддршката што ни ја давате две децении. Денес сме членка на НАТО, ги отворивме преговорите за членство во Европската Унија и ова е ново поглавје што се отвара и бара енергија за спроведување и оживување на стандардите  кои го забрзуваат патот кон полноправнотот членство во ЕУ“, рече Ахмети. 

Тој вели дека оптимист дека со кадарот што го поседуваат во следните 5 години ќе се оствари целта за членството во ЕУ и дека нема враќање назад. 

"Ќе има црвени линии за секој кој што сака да го загрозува или негира Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа враќање нема, со што партнерство во ова земја нема. ДУИ ги почитува челичните темели кои се воспоставени за да ги движат прашањата напред. Безкомпромисно ќе бидеме за стандардите кои треба да се воспостават како за ветингот, зголемување на квалитетот во образованието, здраството, локалната самоуправа, инфраструктура, бидејќи ако не работиме во ова насока нема да можеме да бидеме достоинствена членка на ЕУ", додаде Ахмети.

Според него, има луѓе кои се скептични за нивните идеи, има луѓе кои не веруваат дека може да постигнат успех, но, како што вели, не можат да ги убедат сите, а има факти кои постојат. 

„Сите вие знаете дека Албанците сонуваа еден Скендербег да биде во еден мал дел од ова земја и ако прашавме некого пред 30 години дека националниот херој ќе се постави среде Скопје ќе ни одговараше дека немаме памет. Денес имаме споменик на Иса Болетини и Хасан Приштина и ако некој пред некое време ќе речеше дека Талат Џафери, претседател на Собранието ќе го крева знамето на НАТО, кој ќе веруваше, еден командант на ОНА? Нема да биде премиерот Албанец? Зошто да не може? Никој не ми дава одговор, а од друга страна им се тресат нозете од ова идеја“, додава Ахмети. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе