Лидерот на ДУИ со порака преку Фејсбук

Ахмети им честита на Косово и Србија и посака меѓусебно признавање

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка до Косово и Србија за синоќа постигнатиот договор за регистарските таблички на возилата на косовските Срби и оцени дека треба да се гради посигурна иднина во рамки на ЕУ. Ахмети им посака и скорешно меѓусебно признавање. Објавата на Фејсбук тој ја илустрираше со фотографија на која се знамињата на ЕУ, САД и Косово и луѓе кои ги вејат.

„Косово и Србија преку посредување на Европската Унија постигнаа договор за прашањето на регистерските таблички, со што го преземаат потребниот чекор кон нормализација на односите меѓу нив.

Фотографијата на фејсбук - објавата на Ахмети

Им честитам на двете страни за храброста, посакувајќи прогресивниот пат на разбирање да продолжи со процес на преговори за француско - германскиот предлог до финализација на процесот без друга алтернатива - таа на меѓусебно признавање.

Време е да ставиме крај на споровите, да изградиме сигурна и прогресивна иднина кон хоризонтот со интеграција во Европската Унија“, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе