Претседателот на Демократската унија за интеграција

Ахмети: Идејата за прв премиер Албанец потекнува од пред 11 години

Оваа идеја за прв премиер Албанец потекнува уште пред 11 години и во последните 3-4 месеци започнавме со консултии и разговари со потенцијалните кандидати, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети не вчерашната дебатна емисија во Клан Тв.

„Разговарав со речиси десет можни кандидати за премиер. Зибери, на кого оваа идеја му изгледаше достапна, но и други кандидати со кои разговарав ја поддржаа оваа идеја, но од различни причини, не можеа да ги остават нивните агенди и не можеа да влезат оваа активност. Зибери изрази подготвеност и досега успешно комуницира со јавноста и ја објаснува својата програма за тоа како ќе го води извршниот орган на оваа земја“, рече Ахмети.

Тој истакна дека жали што неговите конкуренти, опоненти, не ја гледат, не ја студираат платформата на ДУИ и им порача внимателни да ја следат документацијата, историјата на партијата, бидејќи, како што рече, „во иднина може да се случи да паднат на минско поле, како што сега паднаа".

„Жал ми е што тие не ги анализирале и проучувале нашите платформи, програми и цели што ги имавме уште пред 11 години: министер за одбрана, министер за внатрешни работи, спикер на Собранието, ако ги прашавте во тоа време, тие сигурно би рекле дека не се изводливи, но сега овие работи се реализирани“, рече тој.

Во врска со изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека е здраво за државата ДУИ да оди во опозиција, Ахмети рече дека ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту кој било друг господин не одлучуваат што е здраво за земјата, додавајќи дека за здравјето на државата граѓаните ќе одлучуваат на 15 јули.

Што се однесува до ДУИ, веројатно има многу очекувања, затоа што ДУИ е пречка за многу партии и тие можат да очекуваат такво нешто. Нивните очекувања ќе останат така како што се вели „Чекајќи го Годо", дека тоа нема да се случи, затоа што да се однесе ДУИ таму каде што сакаат другите, сигурен сум дека гласачите на ДУИ нема да го дозволат тоа на 15 јули и ќе и дадат силна поддршка исто како што ја даваа во текот на две децении, така ќе ја дадат и за новата мисија и новото историско поглавје: интегрирање на земјата во ЕУ што е можно поскоро и да ја видат оваа земја што е можно поскоро функционална со владеење на правото и еднакви граѓани, рече тој.

Во однос на коронавирусит, Ахмети потенцира дека граѓаните се безбедни и им порача да излезат да гласаат на 15 јули почитувајќи ги сите мерки препорачани од здравствените институции.

Во однос на вирусот, ние сме многу внимателни, затоа што на прво место моравме да покажеме грижа за здравјето на граѓаните и доколку имало резервна доза за организирање на изборите, тоа е токму во оваа прашање. Додека не бевме убедени од надлежните органи и институции од областа на здравството дека ќе бидат преземени сите мерки за организирање избори и секој граѓанин ќе биде уверен дека нема да има никаква опасност на избирачките места, не сме дале зелено светло како ДУИ за организирање на избори. Затоа, ги уверувам сите граѓани дека здравствените институции ги презедоа сите мерки за заштита и грижа на здравјето на луѓето и сите граѓани безбедно да се упатат кон избирачките кутии, почитувајќи ги сите совети дадени од надлежните органи, рече Ахмети.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе