Косовската војна и ДУИ

Ахмети: Груби беше преведувач во „Жолтата куќа“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој учествувал и во косовската војна, заради што беше повикан од Специјалниот суд да даде исказ, според негово признание како сведок, во интервју за ТВ21 одговори дека неговиот најблизок соработник Артан Груби во случајот „жолта куќа“ бил инволиран како преведувач.

Дали го знаевте минатото на Артан Груби, пред и за време на косовската војна, дали ја знаете неговата улога во Хашкиот суд и во врска со „жолтата куќа“, беше запрашан лидерот на ДУИ Али Ахмети од водителот на интервјуто на ТВ 21, поради информациите во јавноста дека Груби, долгогодишниот негов најблизок соработник се споменува дури и во контектстот на „жолтата куќа", која се споменува како место на страшни злосторства во Албанија изршени за време на косовската војна каде од заробеници, пред сѐ Срби по националност, се вадени органи заради продажба.

„Артан Груби беше преведувач и самиот ја објасни работата околу „жолтата куќа". Знаев за Груби дека работел како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје, потоа и во холандската амбасада во Скопје, како и дека седум или осум години работел како преведувач во Хашкиот трибунал. По Хаг, работел во НАТО и во амбасадата во Скопје. Го познавам најмалку 15 години", одговори Ахмети.

На прашањето дали како преведувач бил вклучен во истрагите порзани со „жолтата куќа", Ахмети рече дека Груби сигурно дека не бил истражител,туку само преведувач кој сигурно дека ја познавал „материјата" бидејќи бил и преведувач на луѓето кои биле „интервјуирани".

На прашањето од новинарот зошто официјална Тирана, односно Демократската партија го инволвира Груби во контекстот на „жолтата куќа" и дали е тоа обид пред Специјалниот суд покрај Тирана и Приштина да се инволвира и Скопје, Ахмети рече дека нема одговор на тоа прашање.

Претходно, бидејќи како можен сведок за злосторствата поврзани со вадењето на човечки органи се споменува лидерот на албанските демократи Љуљзим Баша, Ахмети не сакаше да коментира, рече дека доколку тој работел како преведувач дека само ја извршувал својата работа.

Инаку, за улогата на Ахмети за времето на косовската војна од 1999 година повторно почна да се говори откако тој беше повикан од Специјалниот суд во Хаг, според неговото признание, како сведок во врска со предметот - обвинението против доскорешниот претеседател на Косово Хашим Тачи. Набрзо потоа и името на Артан Груби беше споменато од страна на албански официјални личности.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе