Ахмети е за ветинг во сите институции

Демократската унија за интеграција стои зад барањето дека Северна Македонија има потреба за ветинг во сите институции, почнувајќи од законодавните, извршните и така натаму, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ рече дека за ветингот се дискутира со сите политичките партии и дека сите ќе треба да бидат предмет на ветинг.

Тој ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев, кој пред неколку дена рече дека ветингот во судството може да влијае за намалување на бројот на судиите и обвинителите.

„Јас не можам да се занимавам со предрасуди, ниту со предвидувања за преполовување на судиите и обвинителите во процесот на ветингот. Тие што не го поминуваат ветингот не заслужуваат да бидат претставници на судството. Независно колку ќе трае ударот, дали ќе се преполови бројот или ќе остане четвртина, зависи од веродостојноста“, изјави Ахмети на вчерашната инаугурацијата на статуата на американскиот претседател Вудро Вилсон пред административната зграда на општина Чаир.

По изјавата на пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири за коалицијата со ДУИ, Али Ахмети изјави дека владината коалиција со СДСМ функционира во рамките на нормалата. Моите односи со лидерот на СДСМ Зоран Заев и другите партиски структури се стабилни и добри, рече Ахмети.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе