За приштинската ТВ Т7

Ахмети: Договорот за името Скопје и Атина ќе го потпишат в сабота

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан в сабота.

Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија, рече Ахмети, без да прецизира каде ќе се случи потпишувањето.

Тој изјави дека во процесот на преговорите меѓу Скопје и Атина имало неколку опции за името на државата, но дека „Република Северна Македонија“ е конечната која е договорена меѓу двете влади и која ја прифати и албанскиот фактор во земјата.

 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе