Сепак во ДУИ знаеле

Ахмети: Целиот Закон за јазиците беше испратен во Венециската комисија за да се намалат тензиите кај Македонците

Лидерот на ДУИ Али Ахмети знаел дека Законот за употреба на јазиците во целост ќе биде испратен за мислење во Венециската комисија и оти тоа било направено за да се намалат тензиите кај Македонците.

„Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење дека е добро законот да се испрати и во Венециската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонски сограѓани“, изјави вчера Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање по отворање на читалница во Чаир.

Венециската комисија во своето Мислење ги повикува властите на Северна Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Според соопштението од Комисијата, правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Венециската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците, но оценува дека во одредени области новиот закон може да оди предалеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето на Венециската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

Комисијата понатаму забележува дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои исто така и за другите јазици на заедниците.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе