Ахмети – Цакај: Договорот меѓу Косово и Србија е чекор кон меѓусебно признавање на двете земји

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес во Собранието на Македонија оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на нашата земја.

Ахмети за време на средбата со Цакај, како што соопшти ДУИ, рече дека Северна Македонија и Албанија негуваат добрососедски односи и дека такви ќе останат засекогаш.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му пренесе на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Цакај, дека во наредниот период, партнерството и соработката меѓу нашите две земји ќе се прошири во функција на мирот, стабилноста и регионалниот просперитет за да се исполнат нашите цели за заедничка стратешка интеграција во Европската Унија.

Ахмети и Цакај разговараа и за договорот во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија. Тие оценија дека оваа одлука е чекор кон конечниот договор за меѓусебно признавање на двете земји. Ахмети и Цакај исто така разменија мислења и за други политички теми во земјата и регионот. 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе