Владиката Повардарски

Агатангел до Канческа, Мукоски и Аранаудов: Бевте лавови, сега добивте облик на инсекти

Митрополитот Повардарски Агатангел, денеска упати порака до македонскиот народ во пресрет на гласањето за уставните промени, во која ги искритикува посебно поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворањето на Уставот. „Го повикувам сиот македонски народ, а посебно нашата македонска младина, без страв и одлучно да го кренат својот глас во одбрана на нашата света македонска земја", пишува владиката Агатангел.

„На неодамнешниот референдум, народот јасно го искажа своето мислење. Според резултатите од него, никој не доби овластување да се впушти во промена на нашето вековно име. Основна задача на оние што се бават со политика, а посебно на пратениците во Македонското Собрание, е да ги штитат народните интереси и да спроведуваат политики кои ќе го унапредуваат нашето општествено живеење. Доколку пратеникот престане да го слуша гласот на народот тој станува одметник и отстапник. Денес, во Македонското Собрание имаме 80-ет одметници кои пловат спротивно од реката на националните интереси. Овие пратеници, налик на диви одметници, го пљачкосуваат минатото и иднината на својот народ, за да ја збогатат ризницата на самоволниот и силниот на овој свет, за кого не важи ни еден закон, освен законот на суетата и законот на среброљубието, Единственото нешто што ќе го заработат од трговијата со светињата и од примената на насилството е народната осуда и вечното проклетство. Неправдата врз послабиот и незаштитениот, на насилникот и на неговите најблиски, им носи несреќа и илјадагодишно проклетство“, вели владиката г.Агатангел.

Тој посебно упати порака до одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Паметиме што зборуваа пред да бидат избрани Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и останатите одметнати пратеници на ВМРО ДПМНЕ, а сега ја гледаме нивната бламажа и бесрамност. Кога градеа кариери врз грбот на нивните поддржувачи, имаа однесување на лавови, а кога малку им се приближија хиените, добија облик на инсекти. Во какво ВМРО залутале овие профитери, овие без'рбетни облици на живот? На каква, пак, лева опција се наследници пратениците од СДСМ, кога без никаков срам тргуваат со придобивките на АСНОМ? Зарем заборавиле на неброените жртви од првата половина на 20-от век, чии идеали сега безочно ги погазуваат? Од каков материјал се создадени сите овие луѓе, зарем обична вода наместо крв тече во нивните вени? Овие однародени и нечесни пратеници, кои бавењето со јавна служба го користат само за гол профит, од нас, кои им го дадовме мандатот, го заслужуваат единствено нашиот презир. Ги презираме и отфрламе оние кои работат здружно на нашето колективно убиство и уништување. Оној кој прави неправда и насилие кон слабиот и незаштитениот е проклет за вечни времиња. Проклет нека биде и тој и сето негово потомство! Македонија и македонскот народ ќе живеат вечно. Вечно ќе ги паметиме хероите и нивната несебична жртва и вечно ќе ги држиме во проклетство одродниците, плашливците и насилниците“, пишува владиката Агатнгел.

Цитирајќи ги зборовите на Глигор Прличев го повика македонскиот народ во одбрана, на како што вели светата макеоднска земја.

Го повикувам сиот македонски народ, а посебно нашата македонска младина, без страв и одлучно да го кренат својот глас во одбрана на нашата света македонска земја. Пратениците, и од левицата и од десницата, од длабочината на мојата душа ги повикувам да не го оцрнуваат своето срце и со делата на своите раце да не нанесуваат вечен срам и проклетство на нивните поколенија. Функциите се стекнуваат, но и завршуваат, па немојте да бидете запаметени како генерација која се откажала од нашето свето македонско име“, пишува владиката Агатангел.

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе