БЕСА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА

Африм Гаши: ДУИ го кочи процесот, подобро да донесе погрешна одлука отколку никаква

ДУИ целосно го кочи процесот и тоа трае предолго. Неколку пати рековме дека ДУИ е партија која не може да донесе никаква одлука, вели за МКД.мк Африм Гаши, член на раководството на Движењето Беса. 

“Во ДУИ не можат меѓу себе да решат каква одлука да донесат. Двете крила, сдсмо-вското и вмро-вското, како што ги нарекуваме, се во голема меѓусебна битка. Јасно е дека ДУИ е партија која не може да донесе никаква одлука, но, подобро е да донесеш погрешна одлука, отколку никаква“, ни изјави Гаши.

Според него, ова е доволен показател дека на наредните избори сите треба да се опаметат и да видат за кого ќе гласаат.

Движењето Беса, како што вели тој, останува на ставот дека ќе ги дадат потписите на своите пратеници за СДСМ да добие мандат, но за влада ќе чекаат понуда, ако воопшто треба.

„Во моментов ситуацијата е иста како и кога Никола Груевски го имаше мандатот. Тогаш со ДУИ имаа 61 пратеник, а сега ако СДСМ се договори со ДУИ и Алијансата за Албанците, ќе имаат 62 пратеници. Така што џабе ние правиме математики, кога може да бидеме непотребни и никој да не нѐ побара. Ние сме во таква ситуација што не можеме нешто да прифатиме, никој ништо не бара од нас, сѐ е до СДСМ, ДУИ и Алијансата. Тие можат да се договорат сами, да направат влада. Нашите потписи се тука, ама и за тоа немаат потреба, зашто би имале 62 потписи. Но, ако тие не се договорат, џабе ние да дадеме потписи“, објаснува Гаши.

Во врска со формирањето на телото кое ќе го изработи предлог законот за употреба на албанскиот јазик, што го најави Зијадин Села, Гаши вели дека тоа е тотална несериозност, па не сака ни да го коментира повикот на Села.

„За телото што го најави Села ние воопшто не разговараме, тоа е несериозно, тотално несериозни се. Се договараат меѓу себе да направат коалиција, а во такви тела какви што си планираат ние не учествуваме. На крајот, кој е тој да повикува?“, додава Гаши.

На Централното претседателство на Беса, според него, разговарале долго за сите прашања, но се здржале главно на внатрешната организација на партијата и на подготовките за локалните избори.

А доколку евентуално добијат понуда од Заев за формирање влада, за тоа ќе преговараат. Нивните барања остануваат поврзани со принципите од нивната изборна платформа, да не учествуваат во влада со личности кои се инкриминирани од СЈО, започнување преговори и широка дебата за редефинирање на политичкиот систем во државата и усвојување заедничка владина програма која ќе биде објавена и поставена во јасни временски рокови.

                                                                             Ж.П.Б. 

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе