СЈО

Адвокатот Додевски, наместо бранител на Груевски, ќе биде сведок во случајот „Талир“

Адвокатот Никола Додевски нема да може да го застапува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во случајот „Талир“ што против него го води СЈО и се однесува на перење пари во партијата, бидејќи е повикан како сведок, пишува порталот СДК.мк.

Додевски во овој случај ќе нема да може да ги брани не само Груевски, туку и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Емил Димитриев, Кирил Божиновски и останатите шестмина осомничени за перење на 4,9 милиони евра.

Специјалното обвинителство потврдило за порталот дека Додевски ќе биде повикан за сведок во овој случај, но не кажуваат во какво својство. Додовски, инаку го застапува експремиерот Груевски во сите предмети што против него ги води СЈО.

Додевски, кој е и претседател на Адвокатската комора на Македонија, од првата отворена истрага на СЈО „Титаник“ до сега, е адвокат на сите осомничени во сите случаи што ги отвори ова обвинителство.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе