Реакција

Адвокатката Јошевска прашува зошто обвинителството ги гони Чавков и лидерите на „За заедничка Македонија“ за исто дело

Дали со одржување на „потпалувачки говори“ се исполнува кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, јавно прашува адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска во однос на текот на судењето против обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Сузана Јошевска-Анастасовска

Во изјавата за МКД.мк Јошевска вели дека обвинителството е тоа кое треба да докаже како изгледале дејствата од кривичното дело кое се става на товар за секој поединечен обвинет, што не е случај во овој процес.

„Обвинителството докажува и како изгледа, успешно ќе докаже организираност на група, со конкретно наведување на кои лица и специфичното одредување на улогата на секој од нив во извршувањето на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, вели Јошевска.

Во член 313 од Кривичниот законик пишува дека „тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.

„Ако Чавков ја диригирал операцијата со насоки на Груевски, и ако нема никакви докази дека во тоа биле вклучени водачите на „За заедничка Македонија", како обвинителството ги гони за истото дело??? Во обвинението стои дека тие држеле потпалувачки говори, иако не е точно дека ги држеле и не сите. Дали со држење на потпалувачки говори се исполнува битието на кривичното дело од погоре“, прашува Јошевска.

Таа вели дека обвинителството ова го прави, односно ја остава истата квалификација за сите обвинети иако знае дека тоа не е така, затоа што му се може. „Затоа што е комотно, затоа што може во секое време да си направи преквалификација, а најверојатно тоа ќе се случи на завршни зборови, и никому ништо. Затоа што нема одговорност, затоа што не може да изгуби цел предмет затоа што го утнал обвинението, како што е на пример во американскиот систем. Ете затоа, ќе мора да чекаме финале за да видиме дали сум во право“, заврши Јошевска.

На оваа комотност адвокатката Јошевска укажа уште во март на гостувањето во емисијата 360 степени на ТВ Алсат.

Таа и тогаш предупреди на леснотијата со која обвинителството ги обвини лидерите на „За заедничка Македонија“.

„Во обвинителниот акт мора да бидат содржани дејствата од кривичното дело кое се става на товар на секој поединечен обвинет за да можеме ние да видиме дека навистина во нивните дејства се содржани елементите на конкретното кривично дело за кое се товарат обвинетите. Не е доволна само нарацијата. Тоа е приказната, но одбраната мора да го препознае секој елемент од кривичното дело. Во случајов тоа не е така за сите 30 обвинети. На пример Игор Дурловски е споменат само кај генералиите од обвинителсниот акт и уште на едно место како дел од обвинетите кои држеле говори, без опис на неговиот дел од говорот за насилство. Опишан е само говорот на Владо Јовановески. За Дурловски нема дело, што тој кажал, со што го загрозил уставниот поредок. Обвинителството мора да си ја заврши својата работа. Вака сериозна работа не може така да заврши, без точно прецизирање кој за што е одговорен за да се спроведе една законита процедура. Во обвинението мора да биде наведено време, место и начин како е извршено кривичното дело. Како ќе се подготви одбраната, за кои дејства треба да брани, ако тоа го нема. Од нарацијата излегува дека лидерите на „За заедничка Македонија“ заедно се товарат за потпалувачки говори за кои постои многу, многу полесно квалификувани кривични дела“, изјави тогаш Јошевска.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе