Адеми: За време на владеењето на ДУИ издадени се над 13.000 државјанства

Во моментот се разгледуваат вкупно 2.674 барања за државјанство, а основата за стекнување се валидни документи во Управата за водење матични книги, изјави пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми на денешната прес-конференција во Собранието.

„Поседувањето на валидни документи во Управата за водење матични книги е суштината на преговорите во функција на креирање основ за стекнување на државјанството. Ппроцесот е веќе започнат и тоа во соработка со Управата за водење со матични книги, МВР и Министерството за правда. Во 2019 година имало само 426 Албанци во постапка за стекнување на државјанство. Во 2020 нивниот број бил 440, а во првите три месеци од оваа година има 103 апликации. Во последните 4 години доделени се државјанства на 2.371 Албанци, а вкупно 223 се одбиени“, рече Адеми.

Тој додаде дека за време на владеењето на ДУИ издадени се над 13.000 државјанства, како и дека пред само една недела 100 Албанци положиле испит за јазик и се во процедура на стекнување на државјанство.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе