Седница на Собранието за избор на нова Влада

Адеми: Време е да покажеме политичка зрелост за крај на бесмислените предрасуди во општеството

Имаме парламентарно мнозинство со целосен легитимитет кој извира од последните парламентарни избори и во оваа Влада на мандатарот Ковачевски, со оглед и на досегашните резултати на владиниот состав, треба да се има доверба, рече координаторот на пратеничката група на ДУИ. Тој ги повика пратениците да гласаат за новата Влада со што, нагласи, ќе се покаже политичка зрелост во корист на граѓаните и ќе се гласа за Македонија како земја на Европската Унија, држава на рамноправни граѓани..

Меѓу многубројните резултати на Владата на Заев, тој посочи на работите на Коридорот 8, како и на натамошното поврзување со автопатот од Елбасан кон Драч.

Адеми оцени дека се унапредени процесите на рамноправност на етничките заедници, нагласувајќи дека е проширен и кон приватниот сектор.

„ДУИ заедно со своите партнери во Владата стави крај на бесмислените предрасуди во македонското општество кон Албанците и другите етнички заедници. Заедно во Владата ги зацврстивме партнерските односи со САД и со земји од Европската Унија, дел сме од НАТО. Конечно, договорено е премиер да биде Албанец во последните сто дена од мандатот на Владата, за што имаме поддршка од СДСМ, но и од другите партии на Албанците. Тоа говори за политичка зрелост“, рече Адеми.

Тој повика да се засукаат ракавите и заедно сите партии да работат на полноправно членство во ЕУ.

„Тоа е важна стратегиска цел и нема алтернатива. Затоа, утре да гласаме за Македонија во ЕУ, за Македонија како развиена земја на рамноправни граѓани“, рече Адеми.

Toj посочи дека се што до сега ветиле како ДУИ, тоа и е реализирано и, како што рече, кадрите на ДУИ имаат реализирано конкретни резултати кои не можат да се спорат.

„Додека во регионот имаше рестрикции и дури некои градови беа без светло, министерот Бектеши кажа дека нема да има рестрикции. Така и испадна. Се изнајде решение и за скопското парно греење и не се зголемија цените за домаќинствата, рече Адеми.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе