Собраниската седница беше пренесувана на социјалните мрежи, но беше прекината кога еден од присутните, со звуци на тапани во заднината, ѝ го пресече грлото на кокошката за да ѝ ја собере крвта во сад.
Церемонијата ја организираше сенаторот Адолфо Гомес, член на владејачката партија Морено. Сенатот се огради од претставата, префрлајќи ја одговорноста исклучиво на сенаторот, против кого се најавени дисциплински мерки.
Снимката може да биде вознемирувачка.
‼️EXTRA EXTRA‼️ En el interior del @senadomexicano SACRIFICAN animales.
Qué excesos.
— Leti RoblesdelaRosa (@letroblesrosa) April 24, 2024
Гомес го оправдал жртвувањето повикувајќи се на древните обичаи. Уставот на Мексико предвидува дека е соодветно да се „почитуваат традициите на изворните народи“ на земјата, им рече тој на новинарите.
Здруженијата за заштита на правата на животните, пак, потсетуваат дека жртвувањето и малтретирањето на животните е забрането во главниот град на Мексико. Организацијата Анима натуралис Мехико најави тужба против сенаторот и протест пред Сенатот, каде што ќе бараат Гомес да поднесе оставка.