Самит на дијаспора

Адеми во Албанија одликуван со титулата „Витез на редот на Скендербег”

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, го одликуваше министерот за односи со дијаспората Едмонд Адеми со титулата „Витез на редот на Скендербег” со која се оддава посебна почит кон вредниот придонес во работа и соработката со дијаспората.

Министерот Адеми ја истакнал важноста и задоволството од ова одликување и ја потенцирал важноста на самитот за дијаспора преку споредба на истиот со собранието Лежа од пред 575 години.

„И овој втор Самит е во некоја форма Собрание, ако пораката во тоа време беше политичко-воен сојуз за слобода, пораката на овој самит е сојуз со дијаспората со цел да се изградат мостови на соработка за економски, културен, социјален и политички развој на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово”, изјавил во своето обраќање Адеми.

Адеми престојуваше три дена во Албанија, каде учествуваше на Самитот на дијаспората и се обрати на панелот на тема: „Правото на глас! Нова државна политика за дијаспората”.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе