Адеми: Секогаш кога ДУИ била власт изборите биле фер и демократски

ДУИ очекува кампањата за предвремените парламентарни избори да биде фер, демократска и мирни, а партијата е фокусирана на следната победа, изјави денеска Арбр Адеми, член на највисокото раководство на партијата.

Адеми пред новинарите во седиштето на партијата во Скопје рече дека секогаш кога ДУИ била на власт се организирале фер и демократски избори без инциденти и резултатите биле прифатливи за сите учесници во изборите. Според него, во ДУИ сѐ уште се прават анализи за тоа кој сѐ ќе се најде на листите за пратеници.

„Се прават длабоки анализи како и секогаш и партијата ќе ги предложи најдобрите кандидати кои на достоинствен начин ќе ги претставуваат Албанците“, изјави Адеми.

Тој, како министер за образование, се пофали дека ги покачиле платите во образованието за 21 насто и тоа останува приоритет.

„Се грижиме за наставниците – ја поттикнуваме мотивацијата за работа преку повисоки плати, подобри услови за работа и можности за кариерен развој. Наставниците се најважната алка во образовниот процес на учениците. Од нив, односно од нивната заложба, мотивираност за работа и креативност при извршување на работните обврски, најмногу зависи квалитетот на генерациите што се создаваат“, рече Адеми.

Според него, без задоволни наставници, нема квалитетно образование.

„Нашиот првичен план за поддршка на наставниците е веќе целосно реализиран. Но, во следниот период ќе работиме на негова надградба и понуда на нови можности за наставниците и стручните соработници. За период од две години, платите на наставниците во основните и средните училишта се зголемени повеќе од 21 процент. Историско покачување со кое се гордееме. Во меѓувреме, пораснаа и платите на вработените во високообразовните установи – 5 отсто, а набргу, по изнаоѓање правно решение, ќе ги добијат и новите 10 отсто, кои се веќе договорени. Пораснаа и платите на вработените во научните институти, и тоа дури повеќе од 30 отсто.

Изразено во конкретни бројки, покачување на платата добиваат вкупно 32.400 граѓани, од кои 19.500 вработени во основните училишта, 8.200 во средните училишта, 4.500 во високо образовните установи и 220 во јавните научни институти“, објаснуваше Адеми.

Говорејќи за состојбата со грипот во земјава, тој рече дека следат ситуацијата со грипот и согласно околностите ќе бидат преземени соодветни мерки, вклучувајќи и можно  пролонгирање на образовно-едукативниот процес. Во моментов, според него, нема нешто конкретно и оти ситуацијата ќе продолжи да се следи.

„Ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, можно е да имаме пролонгирање на образовно-едукативниот процес, зависно од заклучоците што ќе дојдат од соодветните надлежни институции“, изјави Адеми.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе