За Радио Слободна Европа

Адеми: На прсти се бројат големите дивоградби во Охрид, другите се гаражи, огради или скали

На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Најголем дел од тие дивоградби се гаражи, огради или некои дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Од мај 2019 Охрид има нов градоначалник и во рок од еден месец, согласно документацијата што ја има во општината, согласно обврските, направен е регистер на дивоградби, на моментална состојба. Тој тоа го презентираше многу отворено, со бројки, колку се во вкупниот број, колку се во заштитениот појас, таму се 409. Кажа дека голем дел од тие 409 градби не се сите цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали. Како што кажа, ако може да го цитирам, на прстите од двете раце може да се избројат градби од типот на куќи и угостителски објекти или хотели коишто се изградени во тој појас. Јас целосно му верувам на градоначалникот дека тие бројки што ги презентираше, бидејќи тој регистар не го правеше владата, не го правев јас, туку го правеше општината и градоначалникот, дека таа е таа бројка”, изјави Адеми, одговарајќи на прашањето дали во Баку ја презентирале вистинската состојба за Охрид. 

Тој додава дека активистите велат оти се дадени барања за легализација на над 11.000 дивоградби и никој не можел на некој субјект му го оспори тоа право, бидејќи, како што вели, и да му го оспори градоначалникот, ќе му го одобри судот врз основ на закон за легализација.

Адеми објаснува дека во Баку со УНЕСКО е договорена експертска поодршка и дека не е точна тезата дека ако Охрид добиел статус на загрозено светско наследство ќе се добиела помош. 

„Ги слушам тезите дека ќе сме добиеле и пари за колекторот. Еден колектор чини меѓу 20 и 30 милиони евра, изградбата на нов колектор во Охрид. Тие пари УНЕСКО ги нема да ви ги даде, затоа владата, знаете со нова одлука, формира ново претпријатие, кое колекторскиот систем го презема под своја капа, што до вчера беше под капата на општините, и во рамките на Буџетот оваа година планираме околу 4,5 милиони евра да вбризгаме во репарација и реновирање на пумпите, нови пумпи за колекторот, а од догодина целосно, заедно со Европската банка за развој, со ЕУпи со други институции, да можеме да ја финансираме целосно изградбата на новиот колекторски систем. Така што, целата експертска помош од УНЕСКО воопшто не е спорна, и сега ќе ја добиеме и јас ја побарав таму на средбите и ќе ја добиеме за секоја работа и потреба што ќе имаме во текот на реализација на препораките и тоа воопшто не е спорно. Напротив е добредојдено”, изјави Адеми.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе