ПО НАПУШТАЊЕТО НА ВЛАДАТА

Адеми: ДУИ само го освежува својот владин тим

ДУИ не ја напушти Владата, само го освежува својот тим. Ова е изјавата на генералниот секретар на партијата Абдилаќим Адеми за ТВ 21.

Денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека ДУИ само ќе изврши замена на кадрите во Владата.

Пред три дена ДУИ донесе одлука да ја напушти Владата, а сите наредни одлуки претседателството на партијата ги пренесе на лидерот Али Ахмети, кој сега ги има сите овластувања во однос на наредните партиски чекори. Вчера сите министри и заменици министри членови на ДУИ поднесоа оставки.

Во вчерашното официјално соопштение на ДУИ се вели дека причина за оваа одлука се објавените аудио снимки во кои се слушаат гласови на високи функционери на ДУИ.

Во понеделник Собранието ќе треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ. 

„Одлуката за следните чекори на Демократската унија за интеграција по повлекувањето на нашите министри и заменици министри е екслузивно само во рацете на претседателот Али Ахмети и според Статутот, но и според одлуката на претседателството - одлуката е само негова и на никој друг“, напиша попладнево на Фејсбук пратеникот на ДУИ Артан Груби.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе