ДУИ за интерпелацијата за претседателот на Собранието

Адеми: Дали Џафери ќе го прекршеше Уставот ако зборуваше на англиски јазик?

Ако претседателот на Собранието Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали овде ќе беше поднесена интерпелација за него? Со вакво прашање шефот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми им одговори на новинарите дали смета дека собранискиот спикер сепак го прекршил Уставот на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан"  каде официјално се обрати на албански, а не на македнски јазик.

Интерпелацијата поднесена за претседателот на Собранието Талат Џафери од нејзините подносители има дневно политички цели и се разбира дека ДУИ нема да ја поддржи, изјави координаторот на пратеничката група на интегративците Арбр Адеми. Тој нагласи дека македонскиот парламент е пример и внатре и во регионот за институција со дигнитет.

„Собранието е пример кој се следи и од другите земји, а за тоа говорат другите, а не само ние“, рече Адеми.

На конкретното прашање од новинарите дали ДУИ смета дека Џафери сепак го прекршил Уставот зборувајќи во странство, како официјална личност, на албански јазик, Адеми одговори со потпрашање:

„Доколку претседателот на Собранието Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали би го прекршил Уставот? Ако зборуваше на англиски јазик никој ништо овде немаше да каже. Сега, бидејќи зборувал на албански јазик, изгледа како тоа некому тоа да му пречи, а всушност и не му пречи, туку само бара дневно - политички поени", рече Адеми.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери откако на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан" официјално се обрати на албански јазик што, како што образложија пратениците Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев, е спротивно на Уставот на државата.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе