Партиска реакција

ААА: Maкедонија трагикомична држава - граѓаните ќе патуваат со истечени пасоши

„Северна Македонија станува најтрагикомичната држава во светот. Сегашната власт и Министерството за внатрешни работи станаа предмет на потсмев низ светот и ужас за граѓаните. Веќе неколку недели МВР нема пасоши за граѓаните, а целиот свет го има информира дека нашите државјани ќе се движат со истечени пасоши“, наведува коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Поминаа три месеци од кога МВР нема ниту регистарски таблици за возилата што се во процес на регистрација. И за да не биде сето ова доволно, министерството нема ниту егземплари за печатење на возачки дозволи и на граѓаните што аплицираат им се издава потврда во хартија. Последниве денови се добиваат информации дека во некои училишта нема ниту сведителства за учениците. А во исто време, Северна Македонија беше единствената држава која што во рок од два или три дена им имаше обезбедено секаков вид на документација на најголемите криминалци и главешините на мафијата од регионот и светот", велат од опозициската коалиција.

Но, проблемот не завршува тука, смета партијата.

„Сега се предвидува да започне вистинската голгота. Во следните недели се очекува да пристигнат иселениците, а како што е до сега известено, многумина од нив имаат документи со истечена валидност. Како и во многу други случаи и овој пат, поради неспособноста на институциите, на иселениците не им се обновиле документите во амбасадите. Сега, тие дури и во нивната татковина ќе се соочат со недостиг на документација и со фамозното паѓање на системот. За ова, уште сега предупредуваме и ќе ве потсетиме кога ќе дојде денот. Немојте да кажете дека напливот ве изненади, но, признајте дека сте неспособни и корумпирани и дека сте во служба само на криминалците", се вели во реакцијата на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе