АА: Ги осудуваме пофалбите на Тито Петковски за Путин и Вучиќ

Алијансата за Албанците најостро ги осудува последните изјави на актуелниот владин партнер Тито Петковски против Европската Унија и Западот и неговите пофалби за Владимир Путин и Александар Вучиќ.

„Со овие изјави Петковски ја најавува антизападната поставеност на Владата, повикувајќи ја да тргне по својот пат во надворешната политичка и да не го следи Западот, како и поттикнувајќи ги симпатиите на македонските граѓани кон Путин и Вучиќ. Партнерот на ДУИ и СДСМ во последната изјава недозволиво повикува на авторитарен лидер кој ќе му се спротивстави на Западот. Тој зборува против западните санкции кон Русија, додека сè уште се повикува во име на Владата на земја членка на НАТО и тврди дека планира членство во ЕУ.
Петковски во оваа прилика откри еден многу важен факт. Велејќи дека Македонците бараат авторитарен лидер кој ќе биде против Западот, тој ја откри причината зошто Али Ахмети и ДУИ се нивни миленици и продолжуваат две децении да го бранат како последен диктатор на Западен Балкан.
Наместо да ја гледа нивната неспособност во владеењето на сите нивоа, вклучително и високата корупција, секојдневните судски скандали и постојаната соработка со Мијалков и неговиот клан, оставајќи ги нив на слобода и невините во затвор, Тито Петковски ја обвинува ЕУ за неуспесите на земјата во процесот на интеграцијата.
Сето ова уште еднаш го потврдува она што ние како Алијанса за Албанците постојано го кажуваме, а тоа е дека главна пречка за интегративниот процес се корумпираните, авторитарните и антизападните елементи инсталирани во актуелната Влада“, соопшти Алијанса за Албанците.

Тито Петковски, претседателот на НСДП, во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 рече дека дека Македонците го величат рускиот претседател Владимир Путин на социјалните мрежи затоа што бараат лидер кој ќе ги заштити со цврста рака во управувањето и кој ќе се спротивстави на неправдите на Западот. „Само од овој аспект се поддржува Путин. Нашиот човек бара водач, лидер што ќе ги заштити и ќе им отвора перспективи и затоа бараат авторитарна личност. Затоа најмногу во моментов успева Вучиќ на Балkанот, а тој е авторитарна личност. „Со ниту еден аргумент не може да се оправда однесувањето на Западот и бркањето на уметници на првенката на Метрополитен, на оперските куќи да не ги прикажуваат делата на Чајковски, исклучување на спортски клубови, Челси во Англија, тешко може да се процени во која насока ќе оди тоа“, коментира искусниот политичар.

Според него, Македонија треба да води своја независна политика, а не слепо да ги следи туѓите интереси.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе