Изјава од пратеникот Азири

АА-Алтернатива в понеделник ќе ја достави својата верзија за закон за државјанство

Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата, изјави денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Елми Азири.

Азири изјави дека во текот на следната недела е можно да се одржи средба на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.

„Нашиот дел е завршен, да го видиме нивниот одговор и верувам дека во најкраток можен период ќе се процесуира во парламентот. Разговаравме со премиеро, а на првата средба присуствуваше и шефот на пратеничката група на СДСМ и верурам дека не е многу важно на кого ќе му го доставиме предлогот, бидејќи на крајот на краиштата и премиерот Заев ја претставува Владата, мнозинството, но и парламентарните групи. Најважно е ние нашиот завршен дел од работата да го доставиме до страната со која сме преговарале и во најкраток можен период очекуваме одговор за да се процесуира понатаму“, рече Азири

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе