Локални избори

83 осуденици добиле оружје за да ги попречуваат изборите, граѓанин пријавил во Амбасадата на САД

Претставници на оперативниот штаб на Амбасадата на САД утрово до обвинителството пријавиле дека добиле дојава дека 83 лица што биле постојано осудувани за кривични дела, а кои се на слобода, добиле огнено оружје за да го попречат изборниот процес. Понатаму се наведува дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на изборите ќе изврши кривични дела. Овие случаи се проверуваат и од Министерството за внатрешни работи.

До Основното јавно обвинителство пријавени се неколку нерегуларности.

Еден од случаите се однесува на две лица што вршеле поткуп на гласачи во Топана и Шуто Оризари. За случаите веќе има налог полицијата да ги испита и да ги идентификува можните сторители на кривичното дело „купување глас за време на избори и гласање“.

Друг случај е лепење летоци на кандидат за градоначалник во близина на училиштето „Кочо Рацин“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе