Собрание

80 пратеници гласаа „за“, почнува промената на Уставот

80 пратеници го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија. За потребата од уставни промени гласаа 80 пратеници од присутните 117 пратеници. 39-мина беа против.

Пратениците првично гласаа електронски, а потоа по предлог на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев се прејде на поединечно гласање. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставни промени.

Владанка Авировиќ, Нора Исмаиловска-Старова, Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Зекир Рамчиловиќ, Елизабета Канческа-Милевска и Емилија Александрова се имињата од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени.

По две одложувања на веќе закажаното продолжение на 61-та собраниска седница, вечерва во 22 и 20 часот конечно почна продолжението на седницата.

Денеска пратениците цел ден беа во зградата на Собранието и се чекаше почетокот на седницата. Но владејачкото мнозинство очигледно го немаше обезбедено потребното 2/3 мнозинство, па цел ден се чекаше, се разговараше, се убедуваше, а некои велат и се пазареше и уценуваше. ВМРО-ДПМНЕ уште во 15 часот побара да се премине на гласање, но претседателот на Собранието тоа не го правеше. Пратеникот Иван Стоиљковиќ оваа состојба во законодавниот дом ја прокоментира: Собранието е како сточен пазар.

Цел ден се шпекулираше дека биле обезбедени 77-78 пратеници и дека недостигале уште два гласа „за“.

Вечерва генералниот секретар на опозицијата Игор Јанушев изјави дека на нивни пратеници им се нуделе „милиони евра за да гласаат против волјата на граѓаните на Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ го повика и јавното обвинителство за да ги испита овие случаи на „вршење отворен притисок на пратеници“.

На ова СДСМ одговори дека сѐ е лага и дека за ваквите клевети ќе следува судски процес.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе