Министерство за одбрана

7.000 униформи за АРМ, 700 комплети за специјалните сили

Министерството за одбрана обезбеди и втор комплет на 7.000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата. Баталјонот за специјални сили добива нови 700 комплети на  борбени  униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања.

„Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме дека со политичка волја и работа можат да се решат тие проблеми. Но, не застанавме тука. Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа, беше воведено правило на целосна покриеност на припадниците на Армијата со два комплета борбена униформа, и тоа правило целосно го реализиравме.

Новите униформи вчера пристигнаа во касарната Ѓорче Петров во Скопје. Со ова целосно се завршува опремувањето на Армијата со нови борбени униформи“, соопшти Министерството за одбрана.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе