700 Авганистанци во „сива зона“ на Табановце

Македонските власти сè уште не знаат како да постапат со Авганистанците што ни ги врати Србија, кои во моментов се наоѓаат во прифатниот центар на Табановце.

Според новите договорени процедури во Брисел, ако овие бегалци се од воените жаришта во Авганистан, тогаш хрватските и српските власти не требале да ги враќаат назад.

Меѓутоа, според некои информации дел од овие Авганистанци се бегалци кои веќе неколку години престојувале во Грција или во други земји во регионот. Можно е тие сега да ја почувствувале шансата за влез во земјите на ЕУ, во Германија, и едноставно да се приклучиле во бегалскиот бран.

Ако е така, тогаш следниот потег на Македонија треба да биде нивно враќање во Грција, безбедна земја каде што нема никаква закана за нивниот живот.

Според извори во МНР, засега македонските власти не добиле информација за образложението на хрватските власти за враќање на оваа група бегалци. Такво образложение не е добиено ни од Србија.

Додека не се расчисти тоа, тие ќе останат во Табановце.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе