Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Со 6 денари се решава проблемот со јавниот превоз во Скопје, вели Мицкоски

„Тендерот за набавка на нафта во ЈСП Скопје не содржи член за рабат, односно попуст, како што содржале сите претходни договори. Доколку попустот е 6 денари за литар нафта и доколку ЈСП троши дневно по 25 илјади литри, тогаш ќе заштеди 2.500 евра дневно, на месечно ниво би заштедиле 75.000 евра, додека на годишно ниво би заштедиле 900.000 евра, односно доволно за да се подмират приватните превозници и да се прекине сообраќајниот хаос“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, изминатите денови во јавноста дел од партиските соработници на премиерот излегле со договорот за набавка на нафта потпишан од ЈСП, и на тој начин, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Излегоа против нивниот партиски другар,член на раководството на СДСМ, кој што е директор на ЈСП.

„За волја на вистината погрешно го цитираат членот 3 и велат дека има фиксна цена, што не е точно. Ако го прочитате подолу, бидејќи не го читаат до крај или ги мрзи или пак сакаат да спинуваат, во договорот ќе видите дека цената која ја плаќа ЈСП ја плаќа врз основа на утврдената малопродажна цена на Регулаторна комисија и таа се нивелира од ден за ден. Но, точно е тоа дека има фиксна цена. Но што не содржи овој договор? Овој договор не содржи рабат или попуст кој што го содржале сите договори на сите минати раководства, дури и во времето на Петре Шилегов, и во времето на Коце Трајановски. А тој рабат е 6 денари за еден литар“, рече Мицкоскодговарајќи на новинарски прашања во врска со проблемите во јавниот превоз.

Мицкоски вели дека премиерот Ковачевски и градоначалничката Арсовска имаат тајни средби и дека ако сакаат да го решат проблемот можат врз база и на ова негово тврдење.

Но додаде, овие пари завршуваат кај лица блиски до дуото Ковачевски и Арсовска, роднини, соработници во делот на сметководството кои што секојдневно се наоѓаат во ЈСП и кажуваат кои фактури да се платат, а кои да не се платат.

„Ако овие 6 денара беа дел од овој договор, еве ги парите и ќе бевме ние сите скопјани заштитени од ова што денес ни се случува“., рече Мицкоски.

„Договорот кој што е потпишан е двегодишен годишен и вклучува 14,5 милиони литри, тоа значат рабат од 1,5 милион евра, еве ги парите само не треба да се крадат и да се местат тендери за резервни делови за семејството, треба да се вратат кај луѓето“, дециден е Мицкоски.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе