5 минути факти: Полицијата ги контролира лицата во самоизолација три пати на ден

 Состојбата во државните карантини како една од мерките кои се донесени за да го забават ширењето на коронавирусот, беше тема на вчерашната емисија „5 минути факти“ на Канал 5.

Екипата на емисијата разговараше со прилепчанецот Милан Секуловски, кој од Барселона слетал во Софија, заедно со уште 25 лица, па преку граничниот премин Деве Баир биле пренесени во Македонија.

„Ни мереа температура, ниту еден од групата немаше никакви симптоми, и потоа со автобус бевме однесени до дома“, изјави Секуловски кој е сега во самоизолација во неговиот дом во Прилеп. Тој додаде дека полицајци телефонски го контролираат два-три пати во денот за да проверат дали се придржува кон мерките за самоизолација.

Екипата на „5 минути факти“ беше на терен со полицијата која ги проверува лицата во самоизолација два пати во денот.

„Бројката на прекшители на мерките се намалува од ден на ден“, изјави Ристо Ставревски, началник на СВР Скопје и додаде дека одлуката на Владата да не се излегува по 11 часот, повозрасните луѓе не ја почитуваат во целост.

Eден на еден


Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе