Во февруари

40 пратеници и административци во Вилтон Парк ќе „вежбаат“ реформа на Собранието

Четириестина парламентарци и вработени во Собранието, на крајот на февруари ќе се соберат во Вистон Хаус, во Англија, каде што ќе дискутираат за реформи на Собранието. 

Според неофицијалните информации, на средбата што ја организира Вилтон Парк Институтот се поканети координаторите на пратеничките групи, претседателите на собраниските комисии, како и вработени во Секретаријатот на Собранието и во кабинетот на претседателот Талат Џафери. Учесниците на средбата два дена ќе поминат на тркалезна маса на која, како што стои во поканата, „целта е македонските парламентарци и собраниска администрација да дискутираат со домашни и меѓународни експерти за акцискиот план за реформи, базиран на препораките за понезависен и поефикасен парламент“.

Некои од пратениците кои добиле покана за учество на тркалезната маса велат дека таму веројатно ќе се расправа за собранискиот деловник.

Инаку, ова не е првпат македонски пратеници да бидат повикани во Вилтон Парк Институтот. Пратениците велат дека од дискусиите таму произлегол и законот за собрание, а во 2014 година, во организација на Институтот, во Маврово се разговараше за реформи во образованието.

Според пратениците, Вилтон Парк е нешто сосема различно од Жан Моне процесот, кој сѐ уште е неизвесно дали воопшто ќе се одржи, но, како што додаваат, никој од меѓународната заедница нема желба да ги усогласи.

Поканите за средбата во Институтот Вилтон Парк, во Вистон Хаус се веќе испратени, а трошоците за патувањето на бројната собраниска делегација ги покрива британската амбасада во Скопје.  

 

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе