ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ

39-ти протест на За заедничка Македонија, попис и избори за излез од кризата

Од Владата до Собранието неколку илјади граѓани и денеска преку протестниот марш порачаа дека во Македонија не може да биде избран, како што велат, тирански претседател на Собранието. Тие и натаму бараат целосно отрфрлање на „тиранската платформа“.

 

Пред Народната канцеларија на претседателот на државата организаторите порачаа дека денеска бил направен „шверцерски“ обид да се избере претседател на Собранието, но обидот не успеал и нема да успее. Организаторите порачаа дека политичарите не смеат да си играат со народот кој нема да дозволи Република Македонија, од мултиетничка, да биде претворена бинационална држава.

„Мене ми е неразбирливо некој толку многу да сака да го силува македонскиот народ, освен  неговата лична потреба да задоволи некои сценарија. Не ми е гајле дали е тоа платформа од Тирана или од Вашингтон или од некое село, таа е антимакедонска и ништо повеќе. Две работи мора јасно да ги кажеме за кои нѐ обвинуваат - едната дека не сме собрани тука за да браниме некои личности како што сакаат да спинуваат. Напротив, покажуваме само едно, а тоа еддека сме достоинствени и дека имаме образ и дека нема да дозволиме без разлика какво е сценариото, ова е наша земја ние овде диктираме“, изјави доктор Милан Ристевски.

„Нашето трпение е огромно, со мир браниме мир, но знаеме и поинаку. Секој од нас е спремен да ја брани Македонија. Сите го знаат излезот од оваа криза - попис и избори. Ова црвено-жолто море нема да мрдне сѐ додека не се откажат од тиранската платформа“, порача Борис Дамовски, член на иницијативата.

Ова беше 39-ти ден од протестите во повеќе градови на Македонија. Од иницијативата велат дека со собирите ќе продолжат и во следните денови.

Протестите денеска завршија со заедничко пеење на македонската химна и со најава за повторно собирање утре во 17 часот.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе