Кривичен суд

315 прислушувани снимки ќе бидат доказ против Груевски и Јанакиески во „Траекторија“

Околу час и половина адвокатите на Никола Груевски, Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, пред судот истакнуваа приговори и барања во врска со доказите за случајот „Траекторија“. 

Според адвокатите, вештачењето кое што било извршено во врска документацијата за изградбата на делницата на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид е противзаконско. Адвокатката на Пешевски, Светлана Савиќ пред судот рече дека штетата од 115.117.256,00 евра која според вештачењето е штета направена на Буџетот на Република Македонија е нереална и таа е многу помала. Адвокатката Савиќ истакна дека Специјалното јавно обвинителство манипулира со штетата која што е истакната во обвинителниот акт. За адвокатите на обвинетите спорно е и тоа што била издадена наредба од СЈО странско правно лице да го изврши вештачењето, а оваа фирма го доверува вештачењето на двајца вештаци кои што немаат лиценца. Одбраната го праша Специјалното јавно обвинителство  зошто само странски правни лица вештачат за потребите на СЈО.

Адвокатите на Груевски, Јанакиески и Пешевски ги побараа од судот снимките од масовното прислушување, како и СМС пораките кои што се дел од доказите бидејќи како што нагласија адвокатите, без да ги чујат овие разговори тие не можат да знаат дали може да се идентификува гласот и дали има некакви прекини во овие разговори. Прислушуваните разговори, според одбраната, се само некој исечок од комуникација на лица која траела подолго време.

Во случајот „Траекторија“ адвокатите нагласија дека има 315 аудио снимки кои се дел од доказниот материјал и кои ги побараа да ги преиспитаат и анализираат. Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова рече дека во интерес на вистината и на јавноста вештачењето го извршиле вешти лица од Македонија кои имале лиценци.

Во врска со предавањето на прислушуваните разговори обвинителката Стефанова нагласи дека ставот на СЈО во поглед на начинот на чувањето на снимките од масовното прислушување е јасен.

„Одбраната имаше и сѐ уште има можност да ги слушне снимките пред тие да бидат дадени како доказ. Свесна сум за обемноста на целокупниот доказен материјал и повеќе пати упатив барање да дојдат и да ги разгледаат доказите. Дел од одбраната тоа го направи, а другиот дел сами одлучуваат како ќе ја подготват својата одбрана“, рече обвинителката Стефанова.

Исто вакво барање за предавање на прислушуваните разговори одбраната истакна и во случајот ТНТ во кој се води постапка за уривањето на комплексот Космос, а во кој предмет исто така обвинети се Груевски и Јанакиески. Судијата Огнен Ставрев кој ја води оваа постапка донел одлука на 2 февруари во 10 часот СЈО да ги донесе снимките и тие да ѝ бидат предадени на одбраната. Истото ова адвокатите го побараа и од судијата Горан Бошевски кој постапува во предметот „Траекторија“. Во моментов трае пауза по што судот треба да донесе одлука по приговорите и барањата на адвокатите.

К.Д.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе