Пред претседавањето на земјава со ОБСЕ

30 години партнерство со Македонија, амбасадорот на ОБСЕ потсети на придонесот за суштинските реформи

Амбасадорот на ОБСЕ Клеменс Која денеска соопшти што сѐ им препорачал на македонските власти од аспект на тоа што Македонија в година ќе го преземе претседавањето со Организиацијата. Во изминатите три децении Која посочи на придонесот на ОБСЕ кон професионализација на полицијата во интерес на безбедноста и рамноправноста на граѓаните, на судските реформи, дигитализацијата на судовите, проекти за обезбедување рамноправност меѓу жените и мажите, проектот за спречување на ширењето на лесно оружје и помошта во време на пандемијата.

Фокусот да биде на потенцирањето на влијанието и придобивките кои работата на ОБСЕ ги има врз земјите членки и граѓаните, кои живет во нив, изјави денеска амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, објавувајќи што тој им препорачал на властите во земјава во претстојното преземање на претседателството со Организацијата, следната година.

Која, кој го предводеше Постојаниот совет кога Австрија претседаваше со ОБСЕ во 2017 година, тука во Скопје им го пренел своето искуство на надлежните со цел да имаат поуспешно претседателство со Организацијата.

Тој денеска на настанот „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство", на кој заедно со министерот за надворешни работи говореа за значењето на работата на ОБСЕ во земјава изминатите 30 години, но и за претстојните приоритети на Македонија, како иден претседавач на Организацијата, изјави дека досега имал неколку конструктивни и плодни разгвовори со дипломати од Министерството за надворешни работи, на кои им го пренел неговото искуство во подготовката и предводењето на ОБСЕ.

„Имам мошне висока почит кон амбасадорот Џундев и неговиот тим во Виена и кон тимот што го составивте тука во Скопје за да работиме заедно на претседавањето. Не се сомневам дека тие ќе завршат мошне голема работа во однос на претседавањето во едно многу тешко и комплицирано опкружување“, истакна Која, кој го завршува својот мандат во Мисијата на ОБСЕ.

Осврнувајќи се на 30-годишнината од работата на Мисијата во земјава, Која нагласи дека таа минала ни повеќе фази, почнувајќи како мал тим, кој ги следел евентуалното можно прелевање на воените конфликти од север. Тимот во голема мера се проширил за време на конфликтот во 2001 година, за да дојде до сегашниот капацитет и активностите, кои ги спроведува во изминатата деценија.

„Како што веќе знаете анексите во Охридскиот рамковен договор, вклучуваат конкретни задачи за ОБСЕ, а некои од најважните активности на нашата Мисија беа поврзани токму со тие задачи. На пример Мисијата го поддржа распоредувањето на полицијата во областите погодени од вооружениот конфликт, работејќи со локалните власти и полицијата со цел да се изгради меѓусебна доверба и да се превенираат конфликтите. Истовремено Мисијата обучи генерација полицајци од малцинските заедници со цел подобро да се интегрираат во полициските сили. Во текот на мојата работа во Мисијата, се вративме на овој вид активности, креирајќи успешна менторска програма за жени во полицијата, каде тие се недоволно застапени“, изјави Која.

Тој потсети и дека низ годините работа тимот на ОБСЕ, од кои поголемиот дел се граѓани на Македонија, го поддржал изготвувањето на важни закони, меѓу кои законите за Народниот правобранител, за превенција и заштита од дискриминација, серија закони кои се однесуваат на правосудниот систем, а поддршката продолжува и денес во однос на измените во Кривичниот законик.

„Секако, сите знаеме дека носењето закони е често пати многу полесно, отколку нивната имплементација, и низ годините на работата нашата Мисија инвестираше многу во обука на клучните чинители за спроведување на овие и други важни закони дизајнирани да го подобрат животот на граѓаните на Северна Македонија“, порача Која.

Амбасадорот го спомена и мониторирањето на Мисијата на судски случаи, кои имаат големо национално значење. Тој додаде дека мониторите, врз основа на нивното набљудување дале серија препораки за тоа како да се подобри судскиот систем.

„Додека ОБСЕ во земјава е добро позната по мониторингот на изборите, таа работа е пред се спроведувана од нашите колеги од ОДИХР. Сепак, нашата мисија го поддржа и придонесе во подобрување на работата на изборните органи, преку нашата работа со Државната изборна комисија. Ние, на пример, поддржавме подобар пристап до избирачките права за лицата со попреченост и помогнавме да ги запознаеме младите гласачи со нивните изборни права и процедурите за гласање“, рече Која.

Тој потсети и дека Мисијата околу седум години работела на проект наречен „Градење мостови", со кој меѓусебно се приближиле деца од различни заедници, кои ретко имале можност да комуницираат меѓусебно во текот на училишниот ден. Додаде дека преку проектот биле спроведени заеднички воннаставни активности за градење пријателства и меѓусебно разбирање.

Во врска со тоа кое достигнување го смета за најважно за време на неговиот мандат во Мисијата во Скопје, Која истакна дека Мисијата имплементирала широк спектар на програми, кои имале за цел да се подобри исполнувањето на заложбите кои Македонија ги презела како членка на ОБСЕ:

„Меѓу сите тие активности, јас сум најгорд од оние кои имаат најголем потенцијал да ги подобрат животите на граѓаните во земјава. На пример, му помогнавме на Министертвото за внатрешни работи да дизајнира серија стратегии за професионализација на полицијата, која е целосно имплементирана, а со која ќе се зголеми безбедноста на граѓаните и се обезбедува еднаков третман од страна на силите задолжени за зачувување на редот“, рече Која, кој тука ги наброја и судските реформи, дигитализацијата на судовите, проекти за обезбедување рамноправност меѓу жените и мажите во земјава.

„Исто така работевме да ги поддржиме напорите за борба против коруцијата во земјава, вклучувајќи ја и помошта на Државната комисија за спречување на корупцијата, локалните власти и МВР да почнат да креираат политики за зајакнување на интегритетот на јавните институции“, рече Која.

Како еден од најголемите проекти од 2017 година го спомена спречувањето на ширењето на лесно оружје во земјата, со што се придонесе за поголема безбедност и изградба на безбедни арсенали за резерви на муниција во 15 гранични полициски станици и зголемување на капацитетот на единиците К-9 на МВР за откривање оружје и експлозиви.

Изрази задоволство и од одговорот на Мисијата во борбата против ковид-пандемијата.

„Тој фонд обезбеди грантови за 11 локални невладини организации за финансирање на работата за поддршка на групите, кои беа најпогодени од пандемијата, на пример жрвите на семејното насилство и нивните деца, како и лицата со попреченост“, појасни Која.

Во однос на моменталната безбедносна состојба во Европа и каква е иднината на ОБСЕ, изрази уврување дека ОБСЕ, како единствена регионална организација во Европа со толкав број членови, продолжува да игра важна улога во однос на трагичните случувања, поради војната во Украина.

„Како што изјави и генералната секретарка Шмид за време на нејзината посета на Северна Македоија на Преспа Форумот, ОБСЕ останува присутна и посветена на поддршката на граѓаните на Украина во овие екстремно предизвикувачки околности и ќе продолжи тоа да го прави. Се разбира, војната има дополнителни ефекти врз Европа и Евроазија. Операциите на ОБСЕ на терен внимателно ја следат ситуацијата и ја прилагодуваат својата работа во насока да продолжат да обезбедуваат поддршка за реалните потреби, со кои се соочуваат владите и заедниците секој ден“, истакна Која.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе