Дебата на ТВ Алсат

3, 6 или 8 изборни единици предлагаат партиите на Албанците во Македнија

Партиите на Албанците во Македонија се залагаат за промена на изборниот модел, предлагаат промени на бројот на изборни единици, се за отворени листи, но не и за предлогот на помалите политички партии за една изборна единица.

Во дебатата во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат претставниците на Алијанса за Албанците, движењето БЕСА и ДУИ изјавија дека се за промени, секоја од нив има различни предлози за промените.

ДУИ поддржува избори со отворени листи, но со шест изборни единици, колку што се во моментов.

„Мислам дека пропорционалниот систем со отворени листи нуди можност да имаме парламент со поквалитетни пратеници. Иницијативата за една изборна единица од страна на малите политички партии, во минатото докажа дека малите партии изнесуваат идеи во име на големите македонски партии“, изјави Тахир Хани, ДУИ.

Од Алијанса за Албанците предлагаат систем со осум изборни единици, бидејќи како што велат, би добил на важност гласот на секој граѓанин. Според Алијансата, моделот со една изборна единица е неприфатлив затоа што со него би изгубил гласот на Албанците.

„На пример, кој ми гарантира дека ќе биде заштитен гласот на места каде што комисиите ќе бидат само од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Мене никој не ми дава гаранција дека таму нема да се полнат кутиите за да се постигне цензусот до тој степен, до кој албанскиот глас да не може да се артикулира во мандати“, рече Ремзи Мемеди од Алијансата за Албанците..

Движењето БЕСА предлага систем со три изборни единици бидејќи сегашниот изборен систем не е соодветен. Според оваа партија, има градови или области со албанско мнозинство кои се поделени во две изборни единици, како на пример Кичево, Дебар и Чаир.

„Впечатокот кај гласачите Албанци е дека во шестата изборна единица Албанците се оштетени и ова е реалност, бидејќи секој изборен циклус автоматски се отстранува половина од градот Дебар и во вакви околности ние постојано правиме концесија на штета на албанскиот глас“, изјави Арианит Хоџа, движење БЕСА.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе