ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ

26 историчари во одбрана на името и против промена на македонската историја

Се спротивставуваме и ги отфрламе обидите за редефинирање, промена и фалсификување на македонската историја – чијашто конечна цел е уништување на македонската нација со сите нејзини идентитетски обележја. Се спротивставуваме на обидите за промена на вековното историско име на нашата држава – Македонија. Ова го пишува во јавното обраќање потпишано од 26 доктори по историски науки во кое се повикува македонската јавност без разлика на етничка, верска и политичка припадност да ги поддржи нивните барања.

Ова писмо е веќе испратено и до Собранието на Република Македонија, до претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, политичките партии и научните институции.

„Исправени пред конечната разрешница на македонското прашање, која може да биде со катастрофални последици за Република Македонија и македонскиот народ, ние, како македонски интелектуалци, историчари, универзитетски професори остро се спротивставуваме и ги отфрламе обидите за редефинирање, промена и фалсификување на македонската историја – чијашто конечна цел е уништување на македонската нација со сите нејзини идентитетски обележја.

Воедно ги повикуваме сите општествено-политички фактори во Република Македонија да застанат во одбраната на нашето уставно име, македонскиот јазик и македонската историја. Како интелектуалци ја повикуваме власта и опозицијата во Република Македонија да постигнат единство околу македонските државни и национални интереси и да пристапат кон изготвување македонска државна стратегија во која јасно ќе бидат дефинирани столбовите на македонската државност за кои ќе нема никакви преговори“.

На писмото потпишани се Александар Атанасовски, Виолета Ачковска, Коста Аџиевски, Милан Бошковски, Новица Вељановски, Стефан Влахов Мицов, Никола Жежов, Марјан Ивановски, Андреј Илиев, Васил Јотевски, Ѓорги Малковски, Михајло Миновски, Мишо Нетков, Бобан Петровски, Драгица Поповска, Александар Симоновски, Александар Стојчев, Тони Филиповски, Ѓорги Чакрјаневски, Тодор Чепреганов, Теон Џинго, Никола Митровиќ, Соња Николова, Бранислав Светозаревиќ, Игор Јуруков и Ицо Најдовски - Перин. 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе