Реакција

24 Јуни, Ден на Египќаните да стане дел од Законот за празници

Денес, припадниците на етничката заедница - Египќани го прославуваат 24 Јуни, Мегународниот ден на балканските Египќани. Овој  ден, има големо значење за нашата етничка заедница,  но многу е индикативно што истиот датум не е составен дел од Законот за Празници, не е официјализиран, се вели во реакцијата на неформалната граѓанска иницијатива Коалицијата на Египќаните.

„Тоа е  уште една неправда кон мојот народ. Ромите имаат ден посветен на нивната етничка заедница, Власите исто така, Србите и останатите етнички заедници. Искрено веруваме, дека ќе наидеме на разбирање и дека наредната година 24 Јуни ќе биде и официјален празник на припадниците на етничката заедница Египќани. Со тоа ќе се покаже на дело дека кон Египќаните не се гледа само низ изборните циклуси, ами како интегрален дел од хетерогеното македонско општество“, вели лидерот на НГИ Коалиција на Египќани, Демир Далип.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе