2020 - година на членството во НАТО

Годината која светот ќе ја запамети по здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, во одбраната беше успешна година, година на полноправно членство на нашата татковина во НАТО. Македонија после три децении успеа да го исполни својот сон, да заокружи една стратегиска цел, а тоа е членството во најмоќниот воено-политички сојуз во историјата на човештвото.

Во денешното соопштение Министерството за одбрана наведува дека 27 март 2020 година е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историја. На полноправното членство претходеше брза ратификација на Договорот за членство на Северна Македонија во НАТО во парламентите на земјите членки, кои доследно го спроведоа процесот на ратификации и во услови на светска пандемија.

Со членството во Алијансата, подвлекуваат од МО, ја зацврстивме безбедноста дома, но и во регионот, каде станавме значен фактор на стабилност.

„Како членка на НАТО ја започнавме првата Ер полисинг НАТО мисија која е ексклузивна придобивка за земјите членки на Алијансата со цел заштита на интегритетот на воздушниот простор на сојузничките држави. Го добивме првиот пакет на НАТО цели и способности и започнавме со трансформација на Армијата“, пишува во соопштението од МО.

Армијата оваа 2020 година уште еднаш покажа дека постои за граѓаните, го помага здравствениот систем со медицински персонал од Военомедицинскиот центар. Вкупно 110 лица беа ангажирани во помошта на јавното здравство во КОВИД центрите низ државата, од кои 17 доктори, 47 медицински техничари и 46 ангажирани како помошен персонал.

„Даваме медицинска поддршка за работата на здравствените установи, обезбедивме воено-санитетски возила за јавното здравство. Ја поддржуваме полицијата во обезбедување на виталните државни објекти, се грижиме за безбедноста на границите, ја поддржуваме локалната самоуправа во справувањето со последиците од пандемијата. Од норвешката донација од 13.500 брзи тестови, 10.000 отстапивме за тестирање на граѓаните. Продолжуваме да бидеме столбот на кој можат да се потпрат граѓаните во оваа сериозна здравствена криза“, додаваат од МО.

Оваа година се работеше и на развој на Армијата, па беа покачени платите, а од март

како надоместок за закупнина, секој припадник на Армијата добива околу 8.000 денари секој месец. Прв пат сите припадници добија бенефициран стаж. Се обезбедија повисоки надоместоци за пилотите, воздухопловниот кадар, медицинските лица, критичните специјалности, за припадниците кои се дел од нашата НАТО – единица, Лесната пешадиска борбена група, а припадниците на Армијата вклучени во борбата со пандемијата добија поголеми дневници.
Исто така, според МО, пробиени се нови патишта на „Криволак“ и обновен е дел од постојната инфраструктура на полигонот кој е нашата лична карта во НАТО. Следната година на Криволак ќе се реализира вежбата „Одлучен удар“ 2021 во којашто ќе учествуваат околу 2.000 припадници на Армијата на Република Северна Македонија со армиите на САД, на Бугарија и на Грција.

Армијата освен што се опремува, велат од МО, таа се подмладува, па во септември беа  примени 70, пред само неколку дена уште 200 нови професионални војници кои мораа да се изборат за своето место од вкупно 1.800 кандидати, а подмладувањето продолжува и во 2021 година.

Одбраната се покажа дека е и најтранспарентната институција во државата, според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации.

 

 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе