Јазбек во Кавадарци

20.000 Македонци станаа словенечки граѓани, 20.000 работат во Словенија, 800 студираат

Во Словенија живеат 20 илјади граѓани на Македонија кои станаа словенечки граѓани. Има и околу 20 илјади кои работат во Словенија како македонски граѓани. Словенија е прва локација за студенти од Македонија. Таму студираат скоро 800 студенти од Македонија и тоа е најголема бројка во поширокиот регион. Само оваа година од битолската гимназија, 50 ученици отидоа да студираат во Словенија. Медицина, општествени и технички науки.

Ова меѓу другото го изјави словенечкиот амбасадор Милан Јазбек при денешната посета на Кавадарци, одговарајќи на прашање од МИА.

Тој рече дека се одлични односите помеѓу двете земји и дека македонските граѓани таму се чувствуваат како дома, а дел од нив се светски стручњаци во својата област и можат да работат каде било во светот.

По средбата со градоначалникот Митко Јанчев, Јазбек изрази задоволство што се зголемува бројот на словенечки туристи во Македонија, кои се привлечени од природата, но и топлината што се чувствува кај луѓето од Македонија. А македонските граѓани кои живеат во Словенија, се најдобрата реклама за Македонија.

Градоначалникот Јанчев информираше дека се разговарало на повеќе теми, за соработка во повеќе области, економија, култура, образование.

„Преку Центарот за меѓународна соработка и развој, Кавадарци, Неготино и Росоман работат на заеднички проект, пречистителна станица за водата за пиење. Вредноста е четири милиони евра, а словенечката Влада партиципира со грант од 51 процент. Осумдесет проценти од остатокот од средствата треба да ги обезбеди Владата на Република Македонија, а во другиот дел ќе партиципираат општините, согласно нивната големина. Со тоа ќе се обезбеди почиста вода во наредните 40 години“, рече Јанчев, заблагодарувајќи се на словенечката поддршка.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе