„НАТО-ЕАДРЦЦ" вежба – „Северна Македонија 2021"

Над 200 припадници на МВР ќе покажуваат спремност во интервенции на планинска потраги, поплави, земјотреси...

На церемонија во Охрид денеска беше најавен почетокот на првата голема меѓународна „НАТО-ЕАДРЦЦ" вежба – „Северна Македонија 2021", која од 20 до 24 септември ќе се реализира во Охрид и во Струга. Македонија е домаќин на оваа меѓународна вежба на која ќе учествуваат 28 земји со околу 700 учесници и дваесетина меѓународни организации.

Вежбата се базира на урбани операции за пребарување и спасување, како последица од природна катастрофа (земјотрес), планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести кои ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга.

МВР на вежбата ќе учествува со над 200 припадници на дваесетина надлежни организациски единици, над 40 возила, пет пловни и два воздухополовни објекта, два тима за спасување од непристапни планински терени и вода, службени кучиња и др.

На отворањето се обрати министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој изрази уверување дека вежбата ќе придонесе кон унапредување на ефикасноста и јакнење на меѓусебните врски во национални и меѓународни рамки, размена на искуства, интегрирање на ресурси и капацитети и придонес кон зголемување на превенцијата, раното предупредување, справувањето и санирањето на последиците од катастрофи.

Според министерот за внатрешни работи, сценариото на оваа голема вежба опфаќа повеќе елементи, и тоа: елементарна природна непогода, спасување и укажување помош на граѓаните, криминал, кибернапади, лажни вести и слично, кои претставуваат одлична основа за развивање на капацитети и способности за градење на регионален пристап и стратегии, со цел соодветно спротивставување, сузбивање на овие криминални дејствија и преземање конкретни мерки на дејствување, со што претставува адекватен одговор на предизвиците со кои во поново време се соочуваат државите.

„Меѓу потенцијалните ризици и закани по безбедноста на Република Северна Македонија како членка во НАТО, би ги издвоил организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и кибернападите, лажните вести и, секако, пандемијата со ковид-19, за кои во зависност од комплексноста за нивно откривање, спречување, степенот на опасност и интензитетот на последиците, е неопходен современ, регионален пристап и заедничка стратегија за делување", рече Спасовски.

Центарот за управување со кризи е домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата, во која учествуваат сите надлежни институции кои се дел од Системот за управување со кризи, а вклученоста во овие НАТО вежбовни активности претставуваат одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети, преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации, со што се исполнува и една од целите – национално сертифицирање и операционализација од Република Северна Македонија за алатката NICS, развиена од програмата на НАТО за „Наука за мир и безбедност".

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе