Предвремени парламентарни избори

16 странски медиуми акредитирани за известување од изборите

 Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од 16 странски медиумски куќи.

За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои добија акредитации од Државната изборна комисија.

Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, грчката националната телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, Њуз247, германскара АРД, Европската фото прес агенција – ЕПА, Турската радио телевизија, агенцијата Анадолија, Еуро њуз Албанија, Радио телевизија Косово, Би-би-си Србија и Ал Џезира на англиски јазик.

Повеќе странски медиуми ќе известуваат за изборите преку свои дописници во земјава.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе