Пат позиција

16 истраги на СЈО се забораваат, меѓу нив и оние за осомничените Османи, Ахмети, Груевски, Ставрески, Милошоски, Тодоров...

Освен вработените во Специјалното јавно обвинителство, македонските правосудни органи, случајно или не, ги заборава и истрагите за 16 случаи на СЈО, а и некои предистражни дејства. Освен оние случаи за кои веќе беа почнати судските рочишта, а кои дел од обвинителите си ги презедоа и продолжија да ги работат, бројни се и оние случаи кои обвинителите на СЈО ги довеле до фаза на истрага или предистрага, но наеднаш сѐ се заборави.

Државниот обвинител Љубомир Јовески истрагите за Империја, Поштенска банка, Актор и Друмарина ги додели на обвинителите кои и досега ги работеа. Но, никој засега ништо не потпишува, ниту пак размислува за точно 16 случаи на СЈО, во фаза на истрага.

Сите истражни дејства (засега) се запрени за точно 16 истраги: Базни станици (осомничен Жарко Луковски), Дизајн (Миле Јанакиески, Игор Јанушев и Снежана Филиповска Павловска), Лидери (осомничена фирмата инвеститор – телефонски разговор Ахмети - Груевски), Моќник (Антонијо Милошоски, татко му, градоначалник на Пласница, Томе Аџиев), МПМ (Срѓан Керим, Станисавлева, Орце Камчев...), Пациент (Бујар Османи и 14 лица), Подарок (Зоран Ставрески, Миле Јанакиески, Крсте Миладинов), Попис (Груевски - Ахмети), Продуцент (Љупчо Димовски), Пропаганда (Груевски, Кирил Божиновски, Ацо Михајловски, Емил Парнаџиски, Владислав Стојановиќ, Саше Стојановски, Елена Колишевска, Марјан Цветковски и Захарија Вулгаракис), Рентген (Никола Тодоров), Странски служби, Табла (едно лице – училиште кај Зајас), Хармонија (Груевски, Јанакиески, Стевчо Јакимовски), Тарифа 2 и Транспортер 2.

Во предистражна фаза е и случајот за проектот Скопје 2014, но никој и за овој случај не се грижи.

А истражителите и обвинителите за овие случаи, веќе два месеци седат во зградата на СЈО, без каков и да е налог за продолжување на нивната работа, но и без плата. 90 лица се без плата веќе два месеци. Никој не ги плаќа и сметките за вода, струја и греење во зградата на СЈО. Од неодамна и вработените во агенцијата која беше ангажирана за хигиената во зградата, не е веќе таму.

По притворот на Катица Јанева, оваа институција нема потписник на сметката.

Прислушуваните материјали и останатите докази се на безбедно место. Барем засега. За промените во Законот за јавно обвинителство власта и опозицијата сѐ уште преговара. А според списокот на случаите во истрага кои се забораваат, може да се претпостави дека и опозицијата и власта имаат интерес овие случаи да се заборават.
Па, избори се ближат!

А.Д.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе