На работна задача во Охрид

14 вработени во МВР заразени со ковид-19, уште 103 лица се во изолација

Вкупно 14 вработени во МВР до сега се заразени со ковид-19, информираат од МВР. Од таму велат дека по направени епдемилошки анкети, на 103 полициски службеници им се издадени решенија и се ставени во изолација по добиените резултати на заболените лица.

Како што пред неколку дена објавивме, се работи за припадници на ЕБР кои заедно со свои колеги престојувале на работни задачи во Охрид.

По откриените случаи на заразени лица, објектот каде што престојувале полицајците е затворен и направена е целосна дезинфекција.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе