Предвремени парламентарни избори

14 избирачки места во Штип на нови локации

Четиринаесет избирачки места во Штип не ги задоволуваат здравствените протоколи и затоа Државната изборна комисија пронајде други локации кои ги задоволуваат протоколите, со цел гласачите да го остварат своето право на глас на изборите на 15 јули, објави МИА. 

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева, на денешната прес-конференција информирала дека до вчера за гласање на 14 јули, односно за болни и изнемоштени лица, се пријавиле 98 лица, а за на 13 јули – за лица позитивни на ковид-19 или кои се во изолација и самоизолација се пријавиле двајца.

„Пристигнат е недоверливиот материјал – параваните, пристигнаа заштитни маски, очекуваме да се донесат и средства за дезинфекција, ракавици, додека доверливиот материјал доаѓа 96 часа пред почетокот на гласањето“, рече Андреева.

Таа додала дека бројот на гласачите во општина Штип ќе го знаат со пристигнување на избирачкиот список во доверливиот материјал.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе