Локални избори

12 кандидати за градоначалник на Скопје, вкупно 297 кандидати за 81 градоначалничко место

Заврши пријавувањето за градоначалници и советници за локалните избори закажани за 17 октомври. Само за градоначалничката функција за Скопје пријавени се 12 кандидати. За градоначалничките места во 80 македонски општини и за Град Скопје пријавени се вкупно 297 кандидати.

За градоначалничкото место на Скопје пријавени се досега најмногу кандидати – дури 12. Покрај веќе познатите кандидатури на Петре Шилегов (СДСМ и ДУИ), Данела Арсовска (независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ), Ана Петровска (иницијативата Зелен хуман град), на листата се приклучија и Александар Тортевски (Твоја), Тодор Ношпал (Интегра), Бени Шаќири (ДОМ и ЛДП),  Петар Георгиевски-Камиказа (Левица), Горан Арсовски (Комунистичка партија- Титови леви сили), Мунир Колашинац (Бошњачки демократски сојуз), Владимир Трајковски (Родина Македонија), Славе Несторовски (ТМРО) и Љубомир Јосифовски (Демократи, Работници и Независни).

За Општина Центар има 7 кандидати - Горан Герасимовски, Наташа Котлар, Антони Новотни и уште четворица други, во Карпош Душко Весковски, Оливер Зафировски, Стевчо Јакимовски и други, вкупно 7, во Аеродром Александар Филиповски и Тимчо Муцунски и уште тројца.

За кумановската градоначалничка функција ќе се тркаат Максим Димитриевски како независен кандидат, Оливер Илиевски (СДСМ) и Тони Михајловски (ВМРО-ДПМНЕ). Кандидати за градоначалник на Тетово доставија партиите Движење Беса, ДПА, СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење за држава и правда и Интегра.

Во Гостивар кандидатури за градоначалници поднесоа политичките партии Движење Беса, ДУИ, ДПА и коалициите на Алијанса и Алтернатива, без кандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

За Маврово Ростуше има шест листи за советници и само две кандидатури за градоначалничката функција. Во Прилеп се поднесени пет кандидатури за градоначалник и осум кандидатски листи за советници.

Дали сите што поднеле листи ќе станат кандидати, ќе се знае најдоцна до сабота. До тогаш, општинските комисии треба да ги проверат и потврдат кандидатурите.

Ждрепката за редоследот на гласачкото ливче ќе се изврши на 23 септември, а кампањата почнува на 27 септември.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе