Убиен во Баница

118 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 118 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Македонскиот револуционер Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

 

Гоце Делчев: Ударот од бугарската влада ќе биде страшен!

1903-та: Одгласи во странскиот печат за смртта на Гоце Делчев

Весник од Нов Зеланд на 27 мај 1903 јави дека е убиен Делчев, креаторот на македонското револуционерно движење

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе