Јанева е во притвор од 21 август како третоосомничена за случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувања.
На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на обвинители, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.
Собранието, одлуката за разрешување треба да ја достави до Советот за јавни обвинители. Потоа, Советот треба да свика седница за да се констатира разрешувањето на Јанева.
Таа беше избрана за специјален јавен обвинител на 15 септември 2015 со 108 гласа „за" и нејзиниот мандат истекуваше утре.
Од вчера Јавното обвинителство на Македонија ги презеде предметите од СЈО со согласност на сега веќе разрешената специјална обвинителка.