Агенција за управување со одземен имот

100.000 парчиња одземена стока им се отстапени на 26 институции

Агенцијата за управување со одземен имот отстапи над 100.000 парчиња текстил, обувки, канцелариски материјал, апарати за домаќинство и други предмети на 26 институции, меѓу кои и Министерството за труд и социјална политика, општини, училишта, Црвениот крст, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и за потребите на манастири и Исламската верска заедница.

Директорот на Агенцијата, Фатон Асани при доделувањето на одземената стока рече  дека за неа има правосилни решенија и оти во најголем дел таа е запленета од Царинската управа. Според него, на ваков начин им се помага на овие институции и се заштедуваат средства од државата.

Фатон Асани

„Кога дојдов да раководам со оваа институција имаше шест милиони непреземени парчиња стока од Царинската управа. Успеавме да ги намалиме на четири милиони, а се надевам дека наскоро ќе ги намалиме на два“, рече Асани и додаде дека околу 30.000 парчиња разна стока на повеќе институции им биле доделени и минатата година.

Агенцијата, како што кажа, работи и на справување со запленитете возила за кои, за да се расчистат, исто како и за другата стока треба да има правосилни решенија за одземање, но и доколку има такви решенија, да се најдат возилата и да се направи проценка дали имаат употребна вредност и можат да се донираат или пак да се продадат за старо железо.

Фото: МИА

 

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе